Во ХЕЦ Шпилје остварено половина од планираното производство за годинава

Bez autora
Jun 11 2012

Поволната хидрологија, посебно во последните два месеца, присутна на дебарското сливно подрачје, кое го сочинуваат реките Радика и Црн Дрим, условија зголемено производство во ХЕЦ Шпилје, кај Дебар. Во изинатиот период од годинава, произведени се над 110 милиони киловат часови електрична енергија што претставува оставрување на годишниот план за околу 50 отсто. Средниот дотек на вода во акумулацијата моментно изнесува 80 кубни метри во секунда, а во акумулацијата има резерва на вода за производство на 37 милиони киловат часови. До максималната кота, која изнесува 580 метри, останува помалку од еден метар. ХЕЦ Шпилјее работи според потребите на системот и во просек, дневно се поизведуваат по милион киловат часови елекрична енергија. Во 2011 година во овој значаен електроенергетски објект произведени беа 257 милиони киловат часови и планот е остварен со 90 отсто.

Во ХЕЦ Шпилје остварено половина од планираното производство за годинаваПоволната хидрологија, посебно во последните два месеца, присутна на дебарското сливно подрачје, кое го сочинуваат реките Радика и Црн Дрим, условија зголемено производство во ХЕЦ Шпилје, кај Дебар.

Во изинатиот период од годинава, произведени се над 110 милиони киловат часови електрична енергија што претставува оставрување на годишниот план за околу 50 отсто.

Средниот дотек на вода во акумулацијата моментно изнесува 80 кубни метри во секунда, а во акумулацијата има резерва на вода за производство на 37 милиони киловат часови. До максималната кота, која изнесува 580 метри, останува помалку од еден метар.

ХЕЦ Шпилјее работи според потребите на системот и во просек, дневно се поизведуваат по милион киловат часови елекрична енергија. Во 2011 година во овој значаен електроенергетски објект произведени беа 257 милиони киловат часови и планот е остварен со 90 отсто. Историски рекордно производство, од околу 500 милиони киловат часови беше остварено во 2010 година, поради исклучително поволната хидрологија, која се случува еднаш на сто години.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik